Свет 06. октомври 2018. / 22:41

Напаѓачите кои ја истепаа ќерката на Марин Ле Пен ќе се појават пред судот

Напаѓачите кои ја истепаа ќерката на Марин Ле Пен ќе се појават пред судот

Двете лица, обвинети за нападот на ќерката на лидерката на француската десница Марин Ле Пен, на 23 октомври ќе се појават пред францускиот суд, соопшти обвинителството.

Нив ќе им биде судено за насилство во група, а до судењето се на слобода.

Моментално нема докази дека напаѓачите знаеле кои ги тепаат, кога ноќта измеѓу четвртокот и петокот ја нападнале ќерката на Марин Ле Пен и нејзиниот роднина на излезот од куглана.

Ниту еден од двајцата осомничени кои беа уапсени во алкохолизирана состојба не признаваат дека ги удриле 19-годишната девојка и година дена помладиот роднина.