Повеќе ракети се испалени во правец кон авганистанскиот претседател Ашраф Гани, за време на неговота посета во провинцијата Газни, но за среќа никој не е повреден.
Портпаролот на гувернерот на провинцијата истакнал дека Гани бил во резиденцијата на гувернерот кога се испалени проектилите, додека шефот на полицијата рекол дека се исфрлени три ракети и дека паднале 200 до 300 метри од палатата.
За нападот сеуште никој не презеде одговорност.
Талибаните на почетокот на август покренале голем напад на стратешкиот град Газни.