Свет 21. септември 2018. / 21:23

Напад со нож во Њујорк, избодени три деца и двајца возрасни

Напад со нож во Њујорк, избодени три деца и двајца возрасни

Три бебиња и две возрасни лица беа прободени со нож во градинка во Њујорк, соопшти денеска полицијата и додаде дека повредените биле префрлени во болница.
Полицијата уапси една осомничена жена, која работела во приватна градинка во која во моментот на нападот имало девет бебиња.

Жената била пронајдена во подрумот на зградата додека се обидувала да изврши самоубиство. Засега не е познато дали градинката е регистрирана или жената ги чувала децата во станот незаконски.

Освен бебињата, избодени се и две возрасни лица, татко на едно од бебињата и една вработена.

Претходно соседите се жалеле поради плачот на бебињата во станот.