Во болница се задржани 35 патници, некои со крвавање од ушите, откако авион на „Рајанер“, кој летал на релацијата Даблин-Задар, нагло загубил притисок во кабината, по што морал принудно да слета во Франкфурт, информираше локалната полиција.
Маските за кислород се ослободени во авионот по само 80 минути лет, откако тој, според податоците на сајтот Флајтрадар, за период од седум минути се спуштил за повеќе од 9.100 метри.
„Како што налага стандардната процедура, екипажот им нареди на патниците да ги стават маските за кислород и почна со контролирано спуштање“- стои во соопштението на компанијата.
Велат дека авионот слетал нормално, а мал број патници добиле медицинска помош од претпазливост. Патувањето за Задар треба да продолжи денеска.