Свет 20. февруари 2020. / 14:08

Наместо улицата на црвените фенери Амстердам ќе гради еротски комплекс

Наместо улицата на црвените фенери Амстердам ќе гради еротски комплекс

Амстердам планира изградба на тн. „еротски комплекс“ составен од клубови, театри и други објекти посветени на сексот или хотел за проститутките. Таквиот проект се предвидува во рамки на преуредувањето на познатата Улица на црвените фенери.

Според градскиот совет на Амстердам, најверојатни опции се хотел за проституција со затворени прозорци или еротски центар.

Тие опции имаат најмногу предности и најмалку недостатоци – соопштуваат градските челници.

Градоначалничката Фемке Халсема покрена чистење на Црвените фенери, којашто сепак, привлекува голем број туристи. Но, тие честопати се пијани, дрски, па понекогаш и насилни кон сексуалните работнички, сметаат властите.

Халсема рече и дека е загрижена поради порастот на тајна проституција околу тој надалеку прочуен дел на холандската престолнина.

Последниве месеци градот организирал разговори со сексуалните работници, сопствениците на зградите и други лица засегнати со проституција, за да се чујат и нивните мислења.