Свет 24. јануари 2020. / 15:08

Најмалку шест лица загинаа во пукање во Германија

Најмалку шест лица загинаа во пукање во Германија

Најмалку шест лица се убиени, а повеќемина се повредени во пукање во германскиот град Рот ам Зе, јави ДПА.

Германската полиција на  „Твитер“ соопшти дека напаѓачот е уапсен.

Засега нема индиции за други сторители. Портпаролот на полицијата изјави дека сторителот и жртвите се познавале. Сепак, мотивот е нејасен.

Полицијата соопшти дека по инцидентот, кој се случи малку по пладне по локално време, во тек е голема операција.