Свет 15. октомври 2018. / 13:03

Најмалку единаесет луѓе се повредени при судир на воз и камион

Најмалку единаесет луѓе се повредени при судир на воз и камион

Најмалку 11 лица се здобија со повреди откако рано утринава дојде до судир на регионален воз и камион со приколка во Сиплинген во јужна Германија, објави локалната противпожарна служба.

Регионалниот воз Интеррегио експрес, во кој имало околу сто патници, удрил во камионот кој на себе имал и приколка. До ударот дошло на железничкиот премин околу 7:47 по локално време.

Меѓу 11-те повредени лица е и машиновозачот, како и возачот на камионот. Предниот дел од возот беше целосно уништен од ударот, велат пожарникарите. Поради несреќата, железничката станица ќе биде затворена.