Најмалку две лица загинаа во поплави кои го погодија североистокот на Романија, соопштија локалните власти.
Инспекторатот за итни ситуации во округот Сучава соопшти дека 69-годишна жена денеска паднала во река додека поминавала мост кој се срушил и оти ја однела кал.
Нејзиното тело било пронајдено на 10 километри од местото, пренесува АП.
Втората жртва е пастор кој вчера се обидел да спаси крава од поплавена река.
Романските власти упатиле 5.100 припадници на спасувачките екипи за да им помогнат на луѓето кои се погодени од поплавите.