Свет 02. декември 2019. / 14:51

Најмалку 25 загинати при поплави во Индија

Најмалку 25 загинати при поплави во Индија

Најмалку 25 луѓе загинале во поплавите предизвикани од монсунски дождови во индиската држава Тамил Наду, а повеќе стотици луѓе се евакуирани, соопштија локалните власти.

Според индиските медиуми, 17 луѓе загинале кога поради дождот се урнал ѕид во градот Коимбаторе, а осуммина ги загубиле животите во други инциденти предизвикани од поројните дождови.

Властите тврдат дека ситуацијата во Ченај е ставена под контрола.

Во монсунските дождови во Тамил Наду во 2015 година загинаа повеќе од 250 лица.