Најмалку 25 луѓе загинале откако автобус се урнал во амбис на островот Суматра, во Индонезија, објавија локалните медиуми.
Германската агенција според првичните извештаи наведе дека во несреќата имало 24 жртви, но спасувачите подоцна извлекле уште едно тело од реката, каде што завршил автобусот.
Најмалку 13 други луѓе успеале да се спасат.
Меѓуградскиот автобус сообраќал од провинцијата Бенгкулу кон Палембанг, главниот град на соседната провинција Јужна Суматра.
Претпоставка е дека во автобусот имало околу 50 патници. При вртење во стрмен свиок кај селото Пераху Дипо автобусот ја загубил контролата и паднал во амбисот, завршувајќи во реката.