Свет 17. октомври 2019. / 14:29

Најмалку 24 полицајци се повредени во судирите со демонстрантите во Каталонија

Најмалку 24 полицајци се повредени во судирите со демонстрантите во Каталонија

Најмалку 24 полицајци се повредени во судирите со демонстрантите во Каталонија во текот на изминатата ноќ, пренесува во четвртокот весникот Periodico и додава дека според претходните информации се говорело за 40 повредени на двете страни.

Во пораст е бројот на приведени лица во Каталонија. Според последните официјални бројки, во четвртокот претпладнето оваа бројка се зголемила од 20 на 32 лица, и тоа, дванаесет во Барселона, единаесет во Леида, пет во Тарагона, три во Жирона и едно во Манрес.

Спроед процените, вкупно во протестите кои продолжуја и утрото учествуваат над 20.000 луѓе, кои поставуваат барикади, палат контејнери за отпад и автомобил, а исто така фрлаат „молотови коктели“ и киселина врз полицајците. Како одговор, безбедносните сили користат палки и гумени куршуми.

Масовните безредија во шпанската покраина Каталонија траат веќе трет ден, откако Врховниот суд на Шпанија осуди на високи затворски казни дванаесет каталонски поранешни функционери и активисти поради организрање на референдумот за независност. Епицентарот на безредијата беше аеродромот крај каталонската престолнина Барселона, каде што во понеделникот беа повредени 131 демонстрант и околу 70 полицајци. Во втроникот протестите продолжија и се проширија во другите каталонски градови, и тогаш имаше околу 200 повредени и 50 приведени лица.