Свет 17. декември 2019. / 12:37

Најмалку 14 загинати рудари во експлозија во кинески рудник за јаглен

Најмалку 14 загинати рудари во експлозија во кинески рудник за јаглен

Најмалку 14 рудари загинале, а  двајца се водат за исчезнати по несреќата во рудник за јаглен во југозападната кинеска провинција Гуиџои, јави утринава Ксинхуа.

Во окното од рудникот Гуангдонг се наоѓале 23 рудари кога дошло до експлозија на гас.

Седуммина од рударите успеале да излезат на површината на земјата, но двајца се уште се водат за исчезнати

Официјални претставници на локалната Комунистичка партија пристигнале на местото на несреќата за да ја надгледуваат спасувачката акција за двајцата исчезнати рудари што ја спроведувале пожарникари, полиција и други служби за итни случаи. Акцијата за спасување е се уште во тек.

Кина е најголемиот потрошувач на јаглен во светот.