Свет 02. јануари 2020. / 13:39

Најмалку 14 повредени во пожар во фабрика за батерии во Њу Делхи

Најмалку 14 повредени во пожар во фабрика за батерии во Њу Делхи

Тринаесет пожарникари и еден припадник на обезбедувањето се повредени откако се запалила и се урнала фабрика за производство на батерии во Њу Делхи, соопшти индиската полиција.

Три лица се спасени од под урнатините на фабриката, а спасувачката операција продолжува, бидејќи се претпоставува дека има уште луѓе под урнатините.

За време на пожарот во зградата немало работници.

Пожарот е изгаснат.

Лошите безбедносни стандарди се честа причина за пожарите во Индија. Во пожар што избувна минатиот месец во една зграда во Њу Делхи, најверојатно од краток спој, загинаа најмалку 43 луѓе.