Свет 18. декември 2019. / 13:03

Најмалку 12 загинати и 13 ранети при престрелка во затвор во Панама

Најмалку 12 загинати и 13 ранети при престрелка во затвор во Панама

Најмалку 12 луѓе загинале, а 13 се ранети во престрелка меѓу две групи затвореници во затвор во близина на главниот град на Панама, Панама Сити, соопштија официјални лица.

Полицијата соопшти дека запленила пиштоли и пет пушки по инцидентот во затворот Ла Џоита, 25 километри источно од главниот град.

Претседателот Лаурентино Кортизо изјави дека инцидентот покажал дека затворските чувари помогнале шверцувајќи оружје во затворот.

– Оружјето не падна од небото. Очигледно, постоела некаква соработка за да се донесе оружјето во затвор – посочи Кортизо.

Полицијата соопшти дека пукањето започнало во установа во која се затворени членови на разни криминални групи.