Свет

Најмалку 10 загинати при уривање на брана во Авганистан

Најмалку 10 загинати при уривање на брана во Авганистан

Најмалку 10 лица загинаа кога на северот на Авганистан, поради обилните врнежи, се урна оштетена брана, соопштија денеска официјални лица.

Портпаролот на авганистанското Министерство за хуманитарна помош Омар Мохамеди изјави дека надојдената вода целосно уништила околу 300 куќи во долината Пандшир.

Таа долина, популарна меѓу туристите, се наоѓа на околу 140 километри од Кабул.

По пукањето на браната водата го поплавила блиското населено место, каде синоќа жителите во паника ги напуштале домовите.

Заменикот на локалниот шеф на полицијата Наџим Кан соопшти дека 13 лица се водат како исчезнати, додавајќи оти се стравува оти загинале.

Според него, водата поплавила и уништила 1.000 хектари земјоделско земјиште.