Свет 27. јуни 2018. / 20:37

Најголема заплена во историјата на Малезија – на поранешен премиер одземени му се 12.000 парчиња накит

Најголема заплена во историјата на Малезија – на поранешен премиер одземени му се 12.000 парчиња накит

Малезиската полиција соопштила денеска дека вкупната вредност на пари, накит и стотина часовници и чанти запленети од станот на поранешниот премиер Наџиба Разака, за време на истрагата за перење пари, проценета е на 234 милиони евра.

Шефот на одделението за истрага на комерцијални злосторства кажа дека ова е најголема заплена во историјата на Малезија. Тој каал дека од премиерот се одземени 12.000 парчиња накит, 567 чанти од познати брендови, 423 часовници и 234 пара наочари. Наџиб бил премиер на оваа земја од 2009 до 2018 година.