Во Германија во изминатите 24 часа од коронавирус починаа 952 лица, што е најголем број смртни случаи во еден ден од почетокот на пандемијата, покажуваат последните податоци на институтот „Роберт Кох“.
Од почетокот на пандемијата во Германија починаа вкупно 23.427 лица.
Бројот на потврдени случаи на коронавирус во земјата се зголеми за 27.728 – на 1.379.238.
Германија уште и претходно прогласи целосно затворање од 16 декември до 10 јануари. Значи, од денеска започнуваат строгите рестрикции во државата.