Мумифицираното тело на Елена Базукина е најдено во мраз во близина на врвот Елбрус во јужна Русија. Таа загина со уште шестмина алпинисти при освојување на овој највисок врв во Русија.
Нејзиното семејство денеска изјави дека сите овие години стравувале дека Елена е грабната и дека некој ја држел како заложник , а сега може да и направат погреб каков што заслужува. Нејзиното мумифицирано тело во мразот го нашла група планинари.
Кога починала , Елена имала 36 години , а нејзината мајка починала по кусо време по нејзиното исчезнување. Покрај нејзиното тело бил најден авионски билет од Москва со датум 10 април 1987 , како и нејзиниот пасош.
Се претпоставува дека Елена и шестмината загинати алпинисти биле затрупани од снежна лавина. Со неа настрадаа уште петмина мажи и нејзината најдобра пријателка , Валентина Лапина. Елена е прва од групата настрадани планинари . чие тело е најдено на падините на Елбрус.