Свет 16. октомври 2019. / 16:30

Најавува ли важна одкука – Ким Џонг Ун на бел коњ јава по планината Пaекту

Најавува ли важна одкука – Ким Џонг Ун на бел коњ јава по планината Пaекту

Централната новинска агенција на Сверна Кореја (КЦНА) објави серија фотографии на кои се гледа претседателот Ким Џонг Ун како јава бел коњ по снежните падини на планината Пaекту.

Ова не е првпат корејскиот претседател да се качи на 2.750 метри високата планина, а аналитичарите предвидуваат дека со тој потег Ким сака нешто да најави, затоа што се качувал на планината секогаш кога требало да донесе некоја важна одлука.

Инаку, таа планина е родното место на неговиот татко, Ким Џонг Ил.

Ким се качи на планината Пaекту најмалку трипатаи, а минатата година тоа го направи заедно со јужнокорејскиот лидер Мун Џaе Ин.