Свет 29. април 2020. / 10:22

Најавен карантин на 350.000 бегалци во двата најголеми кампови во Африка

Најавен карантин на 350.000 бегалци во двата најголеми кампови во Африка

Министерот за внатрешни работи на Кенија, Фред Матијаги најави забрана за влез и излез на луѓе од двата најголеми бегалски кампа во Африка како дел од мерките за борба против ширењето на Ковид-19.

Матијаги не дава други детали, но добротворната организација „Кер“ (CARE) предупредува дека камповите  „Дадаб“ и „Какума“ немаат ресурси да се справат со евентуална појава на зараза.

Организацијата наведува дека кампот „Дадаб“ во источна Кенија има простор за карантин за околу 2.000 луѓе и дека во самиот камп се сместени дури 290.000 бегалци, претежно од Сомалија.

Околу 60.000 бегалци се сместени во кампот „Какума“ во северна Кенија, главно од Јужен Судан.