Свет 23. јули 2020. / 10:48

Нагло расте бројот на заразени во Украина: Само во последните 24 часа 856 нови позитивни

Нагло расте бројот на заразени во Украина: Само во последните 24 часа 856 нови позитивни

Во Украина продолжува брзо да се зголемува бројот на заразени со корона вирусот, а само во последните 24 часа се регистрирани 856 нови позитивни случаи.

Ден претходно беа регистрирани 829 новозаразени лица.

Во изминатото деноноќие починале 17, а оздравеле 828 пациенти.

Повеќето случаи на корона вирус се потврдени во Киев, а од почетокот на епидемијата во Украина се заразени вкупно 61.851 луѓе.