Свет 18. март 2020. / 22:22

Над 850 милиони деца во светот без училишна настава поради корона вирусот

Над 850 милиони деца во светот без училишна настава поради корона вирусот

Повеќе од 850 милиони млади луѓе или речиси половина од учениците и студентите во светот го прекинаа образовниот процес и наставата поради пандемијата од новиот коронавирус, соопшти Oрганизација за oбразование, наука и култура на ОН (УНЕСКО).

Оценувајќи ја таквата ситуација како „предизвик без преседан“ за образованието, УНЕСКО информира дека се затворени училиштата во 102 држави, а делумно не работат во уште 11 земји.

Организацијата предупредува дека поради Ковид-19 се очекуваат уште затворања на образовните институции низ светот.