Свет 11. мај 2018. / 21:57

Над 30 полицајци убиени во напад

Над 30 полицајци убиени во напад

Најмалку 34 авганистански полицајци загинаа, кога талибанските бунтовници нападнаа полициски бази во западната провинција Фарах, соопштија официјални лица.

При талибански напад врз полициска база во реонот Балабулук, биле убиени најмалку 23 полицајци, а тројца биле ранети. Во градот Фарах, Талибанците убиле 11 полицајци и украле големо количество оружје и техника при напад на друга база.

Низ провинцијата Фарах минуваат патишта од витално значење за трговците со дрога, која потекнува од провинцијата Хелманд – извор на голем дел од авганистанскиот опиум и водат кон соседен Иран.

Бранот на насилства во оваа провинција го зголемува притисокот врз прозападната Влада на авганистанскиот претседател Ашраф Гани, која е изложена на критики поради постојаните самоубиствени бомбашки напади во земјата.