Свет 15. март 2020. / 22:49

Над 10.000 луѓе ставени во карантин во Турција по враќањето од Медина

Над 10.000 луѓе ставени во карантин во Турција по враќањето од Медина

Над 10.000 турски граѓани, коишто се вратиле од верски настан во Медина во Саудиска Арабија и пристигнале на аеродромот во Анкара се ставени во карантин.

Луѓето се во карантин во Анкара и во Конја, јавија турски медиуми повикувајќи се на извори.

Полицијата презела засилени мерки за да нема контакти на тие лица со оние кои ги чекале на аеродромот.

Возачите на автобусите во кои биле пренесени, биле со специјални заштитини облеки. Карантинот ќе трае 14 дена.