Свет 22. август 2020. / 19:30

Нацистички графити осамнаа во Француското село во кое се случил најголемиот масакр во 1944 година

Нацистички графити осамнаа во Француското село во кое се случил најголемиот масакр во 1944 година

Вандали исртаа графити во кои се негира холокаустот во селото каде се случи најголемиот масакр на цивили во Франција за време на Втората светска војна.

Францускиот министер за правда Ерик Дипон-Морети вети дека одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

„Нека се срамат оние што го сториле тоа. Ние ќе сториме сè за да ги пронајдеме оние што ја направиле оваа сквернавење“, напиша министерот на својот профил на „Твитер“.

Официјални лица во Орадур-Сер-Глан, во близина на Лимож во централна Франција, ги покриле графитите кои се појавиле на ѕидот близу до влезот во „Центарот на сеќавањето“.

Натписите беа осудени и од премиерот Жан Кастекс и министерот за внатрешни работи Џералд Дарманен.

Војниците на дивизијата СС „Рајх“ (Дас Рајх) убиле 642 мештани на 10 јуни 1944 година, по што палеле пожари низ селото.

Се верува дека тоа било одмазда за киднапирањето на германски војник од страна на француското движење за отпор.