Свет 22. април 2020. / 10:15

На волонтерите на коишто се тестира вакцината против Ковид-19 ќе им бидат исплатени по 700 евра

На волонтерите на коишто се тестира вакцината против Ковид-19 ќе им бидат исплатени по 700 евра

Велика Британија ќе почне со тестирање на вакцината против коронавирусот од четврток, според британскиот министер за здравство Мет Хенкок, додавајќи дека вакцината што ја развиле научниците од универзитетот Оксфорд има 80 проценти шанси за успех.

За тоа истражување ќе бидат издвоени 20 милиони фунти, рече Хенкок.

Тим од Институтот Џенер во Оксфорд ќе започне со производство на вакцината пред да заврши тестирањето за да обезбеди милион дози до септември.

Институтот, исто така, бара доброволци да бидат тестирани за вакцината, на возраст од 18 до 55 години и ќе добијат по 625 фунти, по околу 700 евра.

Хенкок истакна дека развивањето на вакцината е „несигурна наука“, но дека двата тима постигнале „брз напредок“ и ќе бидат поддржани.

„Во исто време, ќе инвестираме во производство, така што доколку функционира некоја од овие вакцини, тие ќе бидат достапни на Британците што е можно поскоро“, рече Хенкок, предупредувајќи дека ништо не е безбедно во процесот.

Веќе е постигнат договор за производство на вакцини со тројца производители и неколку прекуокеански држави.

Повеќе од 70 вакцини против вирусот се развиваат низ целиот свет, а Велика Британија е една од ретките што почнува да ја тестира кај луѓето.