Две ромски семејства се степаа во германскиот град Гелзенкирхен среде бел ден, а во тепачката учествувале околу 50 луѓе.
Сѐ започнало по бурната расправија, но потоа почнале да „летаат“ безбол палки и мотики, а многу од нив фрлале и шишиња, па дури и столчиња.
Не е јасно што е причината за тепачката, но пресметката се смирила дури кога дошла полицијата, која во моментов е во потрага на 25 лица кои учествувале во тепачката.
Пет лица завршиле во болница, а тројца се уапсени. Многу граѓани биле револтирани со ова однесување и слабата реакција на полицијата.