Свет 15. февруари 2021. / 22:30

На свадба киднапирани најмалку 20 сватови

На свадба киднапирани најмалку 20 сватови

Вооружени напаѓачи киднапираа најмалку 20 лица кои се враќале од свадба во централниот дел на Нигерија, изјави денеска владин претставник, пренесе ДПА.

-Групата сватови беше киднапирана додека патуваше со автобус на автопатот Тегина-Зунгеру, во локалната самоуправа Рафи, во државата Нигер, изјави главниот прес секретар на државата, Мери Ноел-Берје.

Тројца самоназначени или неформални спроведувачи на законот во државата, се убиени кога се обиделе  да го спречат киднапирањето, за ДПА изјави Бело Мухамед, претставник на Националниот сојуз на работници во патниот сообраќај. Тој додаде дека во нападот се киднапирани 30 лица.

Гувернерот на државата Нигер, Абубакар Сани Бело, изјави дека безбедносните сили трагаат по киднаперите.

Масовните киднапирања се вообичаена појава во оваа западноафриканска земја. Тие понекогаш се изведени од исламистичките терористи, кои потоа ги принудуваат жените да стапат во брак со нивните борци, а другите киднапирани лица ги користат како работници. Во други случаи,пак, киднапирања вршат и криминалните банди за добивање откуп.

Ниту една група досега не ја презеде одговорноста за последното киднапирање, додаде ДПА.