Свет

На северот од земјата големо невреме – се отвори небото, има и повредени (ВИДЕО)

На северот од земјата големо невреме – се отвори небото, има и повредени (ВИДЕО)

Силно невреме ги погоди северните делови од Германија, каде вчера синоќа после неколку дена пеколни температури, започна силна бура проследена со ветер кој дува до 140 километри на час, како и силен дожд, кој го „парализираше“ сообраќајот.

Во невремето повредени се 3 лица, а сообраќајот во многу делови од земјата е запрен.

Во невремето кое го погоди Бад Вилбел во Германија повредени се три гости во едно кафуле, кога силниот ветер ги срушил ролетните и тие паднале врз гостите.