Силно невреме ги погоди северните делови од Германија, каде вчера синоќа после неколку дена пеколни температури, започна силна бура проследена со ветер кој дува до 140 километри на час, како и силен дожд, кој го „парализираше“ сообраќајот.
Во невремето повредени се 3 лица, а сообраќајот во многу делови од земјата е запрен.
Во невремето кое го погоди Бад Вилбел во Германија повредени се три гости во едно кафуле, кога силниот ветер ги срушил ролетните и тие паднале врз гостите.