Претседателот на САД Доналд Трамп го разреши Џеф Сешнс од функцијата министер за правда (главен обвинител) на САД.
– На ваша молба, поднесувам оставка – се вели во текстот на изјавата на Сешнс испратена до Белата куќа.
Трамп на Твитер објави дека за в.д. министер за правда е назначен Метју Витејкер, досегашен шеф на Кабиентот на Сешнс.