Свет 16. март 2020. / 11:44

На локалните избори во Франција скоро 20% помала излезност од пред шест години

На локалните избори во Франција скоро 20% помала излезност од пред шест години

Франција регистрираше рекордно ниско ниво на излезност на локалните избори, што беа спроведени вчера, пишува Политико. Пандемијата од корона вирусот и одбивањето на претседателот Емануел Макрон да го одложи вториот круг од изборите предизвикаа сериозни критики како од опозицијата, така и од граѓаните во државата.

Вчера, едвај 45,5% од гласачите го искористиле своето право на глас. За споредба, во 2014 година гласале 63,55%.

Вториот круг од изборите е закажан за 22 март, претстојната недела. Според лидерот на крајно десната партија Народен фронт, Марин Ле Пен, вториот круг од изборите треба да биде одложен. Со ист став се и од Зелената партија.

Во обид да го спречи ширењето на корона вирусот, владата на Макрон порано нареди да се затворат сите ресторани, кина и други објекти, со исклучок на аптеките, супермаркетите, банките и бензинските пумпи. Францускиот претседател од своја страна изјави дека првиот круг од изборите ќе се одржи според планот, зашто неговите стручни соработници така го посоветувале.

Премиерот на Франција, Едуар Филип, ќе го разгледа прашањето за одржувањето на вториот круг од изборите.

-Ниската изборна активност покажува загриженост на нашите граѓани од епидемијата пред која сме исправени, изјави Филип.