Во Германија дополнително се зголеми потребата за квалификувани работници во областа на природно-техничките науки. Недостатокот од работна сила во овие области достигна нов рекорд, објави Институтот за германска економија на Келн, а пренесе хрватски Индекс.
– На германските компании во октомври им недостасуваа 337.900 работници во областа на математиката, информатиката, природните науки и техниката, што претставува рекордна вредност и пораст од шест проценти во споредба со истиот месец минатата година. – произлегува од студијата.
Експертите се согласни дека драстичниот недостаток нема да може да се покрие само со увоз на работна сила, туку се неопходни измени во образовните програми.
– Шансите што ги дава дигитализацијата можеме да ги искористиме само ако со нашиот образовен систем ги подготвуваме младите за потребите на пазарот на трудот. – се вели во соопштението на Сојузот на германските работодавачи во првата реакција по најновата студија.
Вкупно во Германија во ноември непотполнети биле 1,24 милиони работни места, што е најголема бројка досега што е забележана бројка во земјата.