Свет 01. ноември 2018. / 09:51

На Германија и се потребни квалификувани мигранти за да го задржи економскиот раст

На Германија и се потребни квалификувани мигранти за да го задржи економскиот раст

Германија треба да ги зголеми напорите со цел да привлече мигранти од другите ЕУ држави, кои на годишно ниво, од 2011 година, го поттикнуваат растот на економијата на земјата за 0,2 проценти, соопштува германскиот Институт за економски истражувања.

Најголем придонес даваат младите, квалификувани и активни луѓе на пазарот на труд, кои пополниле многу работни места и ја зголемиле побарувачката на потрушувачите.

Миграцијата на граѓаните од другите ЕУ земји го доживеа врвот во 2015 година кога општествениот бруто производ на Геманија забележа раст од 0,3 проценти.

Во студијата се наведува дека Германија, имајќи предвид дека популацијата старее и има недостаток на квалификувана работна сила, треба да се вложат повеќе напори и да привлечат луѓе.

На Германија и се потребни прагматички процеси со цел признавање на образовните квалификации на мигрантите од ЕУ и другите земји.