Во Германија се потребни околу 60.000 возачи на камиони.
Според податоците на германската асоцијација за шпедиција и логистика, на Германија во моментов и недостасуваат помеѓу 45.000 и 60.000 возачи на камиони, а последиците од овој негативен тренд на пазарот на трудот може да се почуствуваат на ниво на целата економија.
Ниските плати и лошите работни услови ја направија работата неатрактивна. Токму затоа, недостаткот на возачи на камиони ќе биде главна тема на четиридневниот саем за транспорт и логистика кој во моментов се одржува во Минхен. За 10 години ќе им недостигаат 150.000 возачи.