Британската канцеларија за надворешни работи објави ново упатство за јазикот што вработените треба да го користат за одвојувањето на Велика Британија од Европската унија, а помеѓу забранетите зборови е и „Брегзит“, пишува „Гардијан“.
Според некои извештаи, покрај зборот Брегзит, на вработените не им е дозволено да користат и одредени фрази како што се „период на спроведување“, „без договор“ или „посебно партнерство“.
„Брегзит е завршен, да не го користиме тој термин. Сочувајте го како историски настан што се случи на 31. јануари 2020. година“, се наведува во одредбата.
Во новите упатства пишува дека не треба да се користат фразите „ со договор или без договор“, а кога се зборува за односите со ЕУ и со иднината не смее да се користи зборот „партнерство“.