Во Парламентот на Велика Британија ќе биде претставен нов закон со кој се забранува каков било контакт, на јавни и приватни места, меѓу две лица кои не живеат заедно. Ова е по барање на здравствените власти, како нова мерка за изолација на корона вирусот, што сѐ уште е во сила.
Според тамошните медиуми, ова значи и дека сексот со лице од друго семејство, надвор од куќата, ќе биде забранет. Сексот на јавни места, досега и онака беше забранет.
Ниедно лице не може, без разумно оправдана причина, да преноќи на место, различно од она каде што живее – се вели во текстот на предложениот закон.
Казната предвидена со новиот закон би била 100 фунти, односно 50 фунти, доколку се плати првите 14 дена.