Судот во Хамбург најави дека ќе почне судењето против поранешниот чувар во нацистичкиот логор Штутхоф, Бруно Деј по 5230 точки од обвинението.
На некогашниот нацистички чувар, сега 92 годишниот Деј ќе му се суди за соучесништво во убиствата во логорот Штутхоф од август 1944 до април 1945 година.
Тој е обвинет зашто ги спречувал затворениците да побегнат. Обвинителството вели дека осомничениот не порекнувал дека работел во логорот и дека знаел што им се случува на затворениците, кои биле измачувани и масовно убивани.
Во тој нацистички логор биле убиени над 60 000 луѓе изграден во близина на градот Данциг , сегашниот град во Полска, Гдањск.
Затворениците биле убивани со смртоносна инекција со бензин или фенол директно во срцето , биле стрелани или оставени да умрат од глад.
Други биле оставани голи во зима за да умрат од студ или пак биле носени во гасни комори.
Во тој период Деј имал 17 и 18 години, па поради тоа ќе му се суди како на малолетник и 92 годишниот старец би можел да добие казна затвор од шест месеци до 10 години.