Свет 26. септември 2018. / 18:31

Му се допадна решението за две држави: Трамп поддржа создавање на Палестина

Му се допадна решението за две држави: Трамп поддржа создавање на Палестина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, јасно поддржа решение со две држави, за израелско-палестинскиот конфликт.

„Мојот сон е да се дојде до решение до крајот на мојот прв мандат, во јануари 2021 година“, изјави Трамп за новинарите на почетокот на средбата со израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.

Во изјавата во рамки на годишното Генерално собрание на ОН во Њујорк, Трамп изјави дека е сто проценти сигурен оти Палестинците ќе се вратат на преговарачка маса, откако тие ги замрзнаа сите контакти со американската администрација кога таа го призна Ерусалим за главен град на Израел кон крајот на 2017 година.

„Ми се допаѓа решението за две држави“, изјави Трамп не прецизирајќи што носи мировниот план кој со месеци се подготвува во голема тајност од страна на мал тим предводен од страна на неговиот зет и советник, Џаред Кушнер.

Објавувањето на предлогот на САД, по рецепт на Доналд Трамп, кој може да резултира со конечен договор меѓу Израел и Палестинците, беше одложено неколку пати.

Досега, републиканскиот претседател јасно не го поддржа решението за две држави, за разлика од неговите претходници и меѓународната заедница.