Свет 04. јуни 2018. / 15:19

Му летна пиштолот, па за малку ќе убиеше човек – Агент на ФБИ се занесе додека танцуваше (ВИДЕО)

Му летна пиштолот, па за малку ќе убиеше човек – Агент на ФБИ се занесе додека танцуваше (ВИДЕО)

Агент на ФБИ кој не бил на должност е снимен во еден нпќен клуб во Денвер за време на енергичен танц кој не заврши баш најсреќно.

Во еден момент додека танцуваше му испадна пиштолото и падна на подот.

Кога го крена, пиштолот изненадно пукна и го погоди шефот на локалот во нога. Ранетиот човек е одведен во најблиската болница, но на негова среќа повредата не била сериозна.

Како што пишува Гардијан, полицијата го сослушала агентот на ФБИ, пред да го предаде на надзорната служба на федералната полиција во Денвер.

Претставници на Бирото одбија да го коментираат инциденотот. Идентитетот на агентот кој го предизвика инцидентот засега не е откриен.