Сопругата извадила дури и негов матичен лист на починати. Судот во Барлад , на североисток на Романија , пред две години го отфрлил барањето на 63 годишниот Релиу да му се поништи листот на починати , иако тој самиот дошол во судот.
Судот тогаш не објаснил зошто го одбил човекот , но тој решил да не се предава. Отишол во неговото родно место , каде го прифатиле неговото барање и го избришале од книгата на умрени.
Но , сепак Релиу не може да биде ,,целосно жив “ . Треба да чека еден месец до правосилноста на пресудата , а во тој период ако некој се посомнева , можер да поднесе жалба.
Релиу пред дваесетина години заминал во Турција за да работи како готвач. Кога се вратил во јануари во Романија , сфатил дека уште пред две години жена му го прогласила за мртов , бидејќи не се јавувал .
Бидејќи е прогалсен за мртов , не можел да добие здравствено осигурување , не можел легално да се вработи , а уште помалку да прима социјална помош .