Демократката во американскиот Претставнички дом, Илхан Омар, најави дека ќе достави предлог за отповикување на претседателот Доналд Трамп, 13 дена пред закажаната инаугурација на избраниот претседател Џо Бајден.
– Не можеме да дозволиме да остане на функција зачувување на нашата Република и мораме да ја исполниме нашата заклетва, напиша Омар на Твитер.
Директорот на големата американска бизнис група, во која членуваат 14.000 компании, меѓу кои и Ексон мобал, Фајзер, Тојота мотор корпорејшн, Џеј Тимонс упати апел властите да ја разгледаат можноста за смена на Трамп откако неговите приврзаници вчера упаднаа во Конгресот.
– Потпретседателот Мајк Пенс треба да ја разгледа можноста за покренување на 25 амандман поради зачувување на демократијата, посочи Тимонс.
Дваесет и петтиот амандман предвидува претседателските овластувања да се пренесат на потпретседателот ако неговиот кабинет заклучи дека претседателот поради физички или ментални причини не е во состојба да ја извршува својата работа. За тоа да се случи неопходно е потпретседателот и мнозинството да го прогласат претседателот за неспособен за извршување на функцијата. Во случај ако претседателот ги отфрли таквите тврдања, тогаш неопходно е две третини од Претставничкиот дом и од Сенатот да гласаат за поставување на потпретседателот за претседател. а