Свет 05. септември 2019. / 12:59

Можна средба меѓу Трамп и Рохани

Можна средба меѓу Трамп и Рохани

Претседателот на САД Доналд Трамп рекол дека постои можност тој да се состане со претседателот на Иран, Хасан Рохани.

Средбата би можела да се одржи на претстојното Генерачно собрание на ОН во Њу Јорк.

Се е можно. Тие би сакале да го решат својот проблем. Ние тоа можеме да го решиме во рок од 24 часа – рекол Трамп.

Претседателот на САД и порано во повеќе наврати зборуваше дека е подготвен да разговара со иранските политичари, но од Техеран одбија било какви преговори пред Вашингтон да ги укине санкциите.

Напнатоста меѓу овие две земји расте откако САД се повлече од нуклеарниот договор склучен во 2015-та година.