Свет 09. март 2021. / 13:23

Москва: Засега нема потреба Русија и Белорусија да формираат заедничка војска

Москва: Засега нема потреба Русија и Белорусија да формираат заедничка војска

Москва засега не гледа потреба за формирање заедничка војска на Русија и Белорусија, изјави рускиот амбасадор во Минск, Дмитриј Мезенцев.

– Кога станува збор за формирање заедничка војска, тоа веројатно е ваша убава фантазија, хипотеза. Денес не гледам никаква потреба за тоа. Соработката која постои во рамки на Организацијата на Договорот за колективна безбедност е доволна да се обезбеди неповредливост на нашите граници, истакна Мезенцев.

Според него, соработката меѓу министерствата за одбрана на Русија и на Белорусија „покажува отвореност, подготвеност за споделување специјални информации, одржување годишни воени вежби, што е моментно потврда за успешна, отворена и важна соработка, која има за цел обезбедување одбранбена способност на двете земји“.