Свет 28. ноември 2018. / 11:35

Москва: Евакуирани трговски центри поради можни бомби

Москва: Евакуирани трговски центри поради можни бомби

Неколку илјади луѓе се евакуирани од 10 трговски центри во Москва по дојава дека во нив се поставени бомби.

Во тек е истрага, а на лице место се полицијата и кинолози, кои со кучиња ги пребаруваат зградите, пренесе Тасс.

Русија и изминатите години се соочуваше со ваков проблем, кога во повеќе институции, трговски центри во повеќе градови се јавуваа луѓе да кажат дека има постаени бомби. Речиси сите дојави се покажаа лажни, но сепак, Русија предупреди дека во тие моменти ангажирала огромни безбедносни сили, за што се трошеа многу пари и време, а секако се намалуваа ресурсите кои во тој момент би биле потребни на друго место.