Свет 30. март 2020. / 22:15

Морнарички болнички брод се вкотви во Менхетн: Ќе му помага на Њујорк во борбата против коронавирусот

Морнарички болнички брод се вкотви во Менхетн: Ќе му помага на Њујорк во борбата против коронавирусот

Болнички брод од 1.000 кревети на морнарицата се вкотви во Менхетен а теренска болница беше подигната во Централ Парк за пациентите заразени со коронавирус, бидејќи службените лица во Њујорк, се изјаснија за поголема помош од Вашингтон.

Болницата ќе служи за негување на инфицирани од коронавирус и ќе има капацитет од 68 места.

Како што изјави синоќа гувернерот Ендру Куомо, болницата треба да биде отворена во вторник.

Проектот го изведува меѓународната христијанска хуманитарна организација „Самаританска чанта“. Според организацијата, во болницата ќе работи тим од доктори и медицински сестри од мрежата на „Здравствниот систем на планината Синај“.

Слична болница веќе работи во северниот дел на Италија, каде што има најмногу настрадани од коронавирусот.

Моментално, во градот Њујорк се забележани речиси 34 илјади случаи на коронавирус, а досега починале 776 лица.