Шпанските медиуми пренесуваат дека 35 годишна Романка која била бремена е пронајдена мртва во својот стан во Коста Бланка. Трудница која била заколена ја пронашол нејзиниот партнер кој веднаш ја информирал полицијата.
Убиената жена била во шестиот месец на бременоста, а претходно работела како проститутка. Засега не е познато дали нејзината професија има врска со убиството. Полицијата веднаш отворила истрага за убиството на Романката која имала и осумгодишна ќерка.
Медиумите пренесуваат дека нејзиното голо тело било на кревет, а имала огромен рез кој започнувал од левата страна на вратот.