Млад фудбалски тренер починал откако му се создала тромбоза поради долга физичка неактивност. Како што пренесуваат британските медиуми, 24-годишниот Луис О’Нил поради пандемијата морал да паузира со работата.
За да ја победи досадата почнал да игра онлајн видеоигри. Во мај почнал да се чувствува лошо, а во јуни му се создало згрутчување на крвта. Докторите од Брзата помош не успеале да му помогнат.
Неговиот татко преку „Фејсбук“ упатил емотивна порака до сите родители.