Шефицата на ЕУ за надворешна работа и безбедносна политика, Федерика Могерини во пресрет на Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста на злосторствата против новинарите, порача дека демократијата неможе да опстане без слободни, разноврсни и независни медиуми.
Таа ги повика сите земји на ЕУ и надвор од Унијата, да ги исполнат обврските и заштитата на новинарите и слободата на истражување.