Могирини прочита соопштение по министерската средба на останатите потписнички на Заедничкиот сеопфатен план за акција (ЈЦПОА), односно нуклеарниот договор со Иран потпишан во 2015, на маргините на Генералното собрание на ОН. Изјавата на петте земји – Русија, Британија, Германија, Кина и Франција – потврдува дека Иран го почитувал својот дел од договореното.
Имајќи го тоа предвид, ЕУ работи на создавање средства да продолжи легалниот бизнис со Иран, во време кога Вашингтон се обидува да го сопре иранскиот извоз на нафта, а целта е со време сосема да го уништат.
„Свесни за итноста и потребата од реални резултати, учесниците прифатија практични предлози за одржување и развој на канали за исплата, особено иницијативата за формирање специјален начин за пренос на исплатите поврзани со извозот на Иран, вклучувајќи ја нафтата“, кажа Могерини.
Повлекувањето на САД од договорот со Иран во мај создаде јаз меѓу американската администрација и американските сојузници во Европа, кои ја потврдија нивната посветеност на зачувувањето на историскиот договор. Откако еднострано се повлече од повеќестраниот договор, Вашингтон постепено ги враќа санкциите кои беа укинати за Техеран да ја ограничи својата нуклеарна програма.
И иранскиот претседател Хасан Рохани и американскиот претседател денес се обрачаат пред Генералното собрание на Обединетите нации. Минатата година имаше вжештена размена на навреди од двете страни – Трамп ја наречен иранската влада „корумпирана диктатура скриена зад маската на демократијата“, а Рохани ја нарече Трамповата администрација „забегани дилетанти“.